Се намалуваат патните трошоци на пратениците

Пратениците, но и другите функционери, треба да земаат барем за една третина помали патни трошоци од до сега..

Наредната недела во собраниските комисии ќе се разгледуваат двата закони што ги предложи СДСМ, со кои, државата нема да им плаќа по 30 одсто од цената на литар гориво за секој изминат километар, туку 20 одсто. Најголемата владеачка партија смета дека и тоа е многу, па откако законите ќе се донесат, со одлука ќе предложи спуштање на цената за уште 5 одсто, објави Телма.

Дополнително, секој пратеник ќе треба да поднесе потврда или слип дека патарината ја платил со своја лична дебитна или кредитна картичка. Со ова, вели пратеникот Томислав Тунтев за Телма, ќе се намалат можностите за злоупотреба на надоместокот, што не беа ретки во изминатите години. Заради вакви и други облици на злоупотреби, од буџетот се одлеваа огромни средства.

Само преку Собраниската сметка, за 6 години се одлеани близу 5 милиони евра. Ако изминатите две години се трошело по 1,2 милиони евра годишно, грубо пресметано, по усвојувањето на новата регулатива, оваа година Собранието би требало да  заштеди 400-500 илјади евра.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top