Седум лица уапсени за нападот со мачета кај поранешното седиште на „Шарли Ебдо“ во Париз

Полицијата соопшти дека вкупно седум лица се уапсени за врска со нападот..

Вчерашниот напад во Париз, во близина на поранешното седиште на сатиричното списание „Шарли Ебдо“,  во кој потешко се повредени две лица, париската полиција го третира како терористички акт.

Премиерот Жан Кастекс претходно изјави дека четири лица биле прободени, но полициски извор подоцна изјави дека станува збор за две лица, од кои едното е тешко повредено.

Полицијата соопшти дека едно лице е уапсено пред операта Бастиља. Радио Европа 1, повикувајќи се на полициски извори, соопшти дека е уапсен 18-годишен Пакистанец, претходно познат на безбедносните служби. Еден полициски извор рекол дека на местото на настанот била пронајдена мачета, а друг изјавил дека станува збор за сатар.

Инцидентот го истражува Одделот за борба против тероризмот на обвинителството.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top