Секаде оди, дома дојди: Буфон, сепак, се враќа во Јуве!?

Еден од најдобрите и најдолговечни голмани во историјата Џанлуиџи Буфон најверојатно ќе се врати во Јувентус по една година во ПСЖ и покрај тоа што последните денови беше поврзуван со многу европски клубови..

Скај Италија доцна синоќа објави дека Буфон се согласил да се врати во Торино, но сега во нова улога – како замена за Војчех Шчесни. 

Неговиот договор ќе биде на една сезона, но се очекува потоа да добие нова улога во клубот, кога ќе одлучи да ја заврши кариерата. Трансферот ќе биде реализиран веднаш штом Јувентус се ослободи од Матија Перин за кого има интерес од Рома и Севиља.

Буфон беше член на Јувентус од 2001 до 2018 година и за тој период освои девет титули во Серија А и одигра 656 натпревари во италијанското првенство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top