Села: Ахмети почна да бара Албанец-премиер откако го надминав со рејтингот

Според Села, судските одлуки се носат по етничка и политичка линија..

Ние мора да воспоставиме правна држава и правен систем, пред кој сите ќе бидат рамноправни, без разлика дали се обични граѓани или министри, поранешни министри, сегашни или поранешни носители на јавни функции, вели лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села за Гласот на Америка. Според него, судските одлуки се носат по етничка и политичка линија.

– Новост е тоа што во првите сто дена кога ќе станеме дел од власта, ќе се обратиме со барање до ЕУ и главните членки на ЕУ, кои не следат во делот на правото, за да во Македонија, дојдат експерти, судии и правобранитепи од Франција, Германија и Холандија, за да се отворат сите затворени предмети, а каде има висок политички криминал и корупција и со тоа да се отворат прашањата и на монтираните политички процеси. Ние ќе го бараме истото што ЕУ, го дава како помош во источните земји,како на пример Украина, а тоа е мониторинг во судот за организиран криминал и корупција. Постојан мониторинг од судии обвинители, за да н еможе одлуките да се носат политички и во иднина – рече Села.

Тој додава дека лидерот на ДУИ Али Ахмети одлучил да ја промовира идејата за Албанец-премиер откако, како што вели, на анкети на валидни меѓународни институции имал понизок индивидуален рејтинг од него.

-Тоа е само една игра. Премиер Албанец има значење, само кога во собранието ќе имаме мнозинство Албанци. Премиерот е резултат и последица на минимум 61 пратеник и мислам дека секој премиер без разлика што може да зборува албански, кога му стои мнозинство македонско, тој не е Албанец, тој има само име албанско и ништо повеќе. Немојте да заборавите, дека кога Албанците гласаат и ти даваат подршка и легитимитет тие го имаат избрано нивниот албански премиер. Али Ахмети веќе 18 години од Албанците е избран за албански премиер, но никогаш не ги бранел нивните интереси – рече Села.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top