Села: Не гласајте за лажговци

Алијансата за Албанците одржа митинг со Дебар.

Не го давајте својот глас на оние што ја ограничуваат слободата на другите и на оние чиј збор и ветување се лага, туку гласајте за луѓето кои се грижат за вашата иднина и за подобра економија, порача лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села на митинг во Дебар, на кој говореше и кандидатот за градоначалник од оваа партија Арбен Аголи.

– Не може да им верувате на лагите на нашите опоненти. Тие гласаа за девијација на текот на Радика, а потоа кажуваа дека го стопирале тоа, манипулаторите со монтираните процеси од 2003 и 2012 година. Здравјето на вашите деца сте му го довериле на педијатарот Аголи, зошто да не му го дадете и гласот за градоначалник? Гласајте за подобар Дебар и посреќна иднина на сите граѓани во општината – истакна Села.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top