Сенатот го усвои трговскиот договор што беше приоритет на Трамп

Пактот со Канада и Мексико доаѓа еден ден по друга голема победа на претседателот, договорот со Кина.

Еден ден по потпишувањето на нов трговски договор со Кина, претседателот Доналд Трамп доби нова добра вест за неговата агенда. Американскиот Сенат во четвртокот го одобри трговскиот договор за Северна Америка и сега оди кај него на потпис со што ќе влезе во сила.

Договорот САД-Мексико-Канада ќе го замени 25-години стариот договор за слободна трговија во Северна Америка, познат како НАФТА.

„Голема недела на значајни постигнувања за нацијата, за претседателот и за нашата меѓународна трговија“, рече лидерот на мнозинството во Сенатот Мич Меконел, кусо време по гласањето.

Легислативата вклучува нови правила за автоиндустријата, електронската трговија и провизии за работната сила.

Мерката беше усвоена од Претставничкиот дом во декември, каде доби двопартиска поддршка, откако демократите осигураа амандмани за нејзино спроведување, животната средина, фармацевтски и работнички одредби.

Трамп водеше кампања за во 2016-та ветувајќи нови трговски договори на местото на постоечките за кои тврдеше дека додаваат на националниот трговски дефицит и државата ја чинат работни места во производството. За НАФТА тој зборуваше како за „најлош трговски договор во историјата“.

Договорот за трговија меѓу САД, Канада и Мексико беше одлаган во Сенатот заради политички препукувања во врска со судењето за импичмент на претседателот Трамп во овој дом.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top