Сепак, не е Зидан виновен: Бејл не сакал да игра!

Шпанските медиуми беа збунети вчера кога беше објавено дека Герет Бејл не отпатувал во Манчестер на реванш дуелот против Сити во осминафиналето од Лигата на шампионите..

Обвинет беше Зинедин Зидан бидејќи фановите и новинарите сметаа дека продолжил со својот инает кон Велшанецот и дека намерно не го вклучил во составот иако тој е потребен во момент кога поради суспензија не може да игра капитенот Серхио Рамос. Излезе дека не било така, а дилемите ги реши лично Зидан на денешната прес-конференција.

„Не сакам да зборувам на таа тема, го почитувам Бејл како и останатите фудбалери. Некои работи остануваат во соблекувалната меѓу тренерот и играчите и тоа е се. Едноставно, тој не сака да игра и тоа е единствена работа која ќе ја кажам сега“, откри Зидан.

Велшанецот најчесто беше резерва по рестартот на сезоната и Реал буквално без негова помош ја освои титулата во Ла Лига. Бејл има договор со мадридскиот тим на уште две години и не сака да слушне да си замине порано.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top