Северна Кореја им се закани на САД со „најболен удар“ поради санкциите од ОН

Северна Кореја им се закани на САД со задавање „најболен удар“ кој воопшто го имале, откако ОН наметнаа нови санкции на земјата..

Претставникот на Пјонгјанг во УН го обвини Вашингтон дека одбрал „политичка, економска и воена конфронтација“.

Санкциите на ОН се обид да го намалат горивото и парите на Северна Кореја за развој  на програмите за оружје.

Хан Тае Сонг, амбасадор на Северна Кореја во ОН, категорично ја отфрли таквата  „незаконска резолуција”.

„Претстојните мерки на Северна Кореја ќе им го зададат на САД најболниот удар што таа земја го доживеала во својата историја. Наместо донесување правилни одлуки преку рационална анализа, режимот во Вашингтон конечно одлучи за политичка, економска и воена конфронтација, опседнат со луд сон за запирање на развојот на нуклеарната сили на Северна Кореја, кој веќе стигна до својата последна фаза”, изјави Хан Тае Сонг на конференцијата на ОН во Женева.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top