Шекеринска за снимката кај Боки-13: Зборувавме за Законот за јавно обвинителство

Во ниту еден момент не ја лажев јавноста. Се имам сретнато и со едниот и со другиот и со двајцата заедно. Но, јас немам никаква поврзаност со акциите на тие двајца за кои се соочија пред судот, рече Радмила Шекеринска..

Во вечерашното гостување на Канал5, Шекеринска рече дека оваа снимка е интересно што прво покажува дека не бил само еден што снимал во тој случај и тоа го нарече како „интересни заднински врски“.

Објавено видео од домот на Боки 13, на гости му се Катица Јанева и Радмила Шекеринска

Таа не го демантираше нејзиното присуство на снимката и рече дека претпоставува дека е таа, но не може да посочи кој би можел да ја снимил или кога точно била направена снимката. Додаде дека се среќавала и со други сопственици на медиуми и рече дека тоа го прават и политичарите од опозицијата.

„Зборувавме за една многу актуелна тема во тоа време, а тоа беше зошто не може да се донесе Законот за јавно обвинителство“, mдодаде Шекеринска.

Според неа, случајот „Рекет“ покажал дека судството може да функционира и тоа со сите маани во правосудниот систем со кои се соочуваме сè уште.

„Ова е случајот кој се отвори и се затвори со пресуда за помалку од една година. Тоа не се случило во нашата историја. Ние уште чекаме процеси од старите ’бомби‘. На дел од политичарите и поранешни министри од ВМРО-ДПМНЕ не можат судски покани да им донесат. А ова е случај кој е почнат и завршен. Тој случај беше коментиран и од високи меѓународни претставници и амбасадори кои многу водат сметка за правната држава во Македонија и рекоа дека овој случај е доказ дека системот може да функционира кога не се мешаме политички. И ние навистина не се мешаме“, рече Шекеринска.

На прашањето зошто неколку дена не коментираше во јавноста за снимката, иако опозициската ВМРО-ДПМНЕ поставуваше неколку прашања, таа рече дека не ги видела прашањата, а секојдневно дава изјави, но никој не ѝ го поставил тоа прашање.

„Не ги видов прашањата од ВМРО-ДПМНЕ за снимката, можеби затоа што е кампања, па не доаѓаат до израз. Секојдневно имам изјави и никој не ми го поставил тоа прашање“, додаде Шекеринска.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top