Шест починати, 140 нови заразени со корона вирус

Шест луѓе починаа од компликација на корона вирусот. Тројца пациенти од Скопје (84, 73 и 74г), двајца од Тетово (68 и 55г) и еден пациент од Струга (62г). Сите пациенти се починати во болнички услови..

Во изминативе 24 часа се дијагностицирани 140 нови случаи од направени 1397 тестирања. Најмногу се во Скопје-47, во Куманово-18, Тетово – 15, во Прилеп – 7, Штип-3, Струга-3, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-4, Струмица-4, Крива Паланка-2, Радовиш-4, Крушево-1, Кочани-5, Пробиштип-2, Македонски Брод-1, Берово-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2. 

Институтот за јавно здравје регистрира 60 оздравени пациенти од: Скопје-25, Куманово-9, Штип-3, Прилеп-2, Струга-3, Охрид-2, Кавадарци-2, Крива Паланка-1, Кочани-6, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-1, Кичево-2. 

На трите клиники во Скопје хоспитализирани се вкупно 113 пациенти, на респираторна машина има еден пациент во болницата „8-ми септември“. Во инфективните одделенија низ градовите во земјава, хоспитализирани се 225 позитивни и сомнителни на ковид 19.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top