Што треба да се цензурира на Фејсбук?

Сопственикот на Фејсбук ги повика Европа и САД да постават правила за отстранување на објавите на социјалните мрежи. Марк Цукенберг зборуваше на конференција за безбедност во Минхен..

Според милијардерот, од приватна компанија како Фејсбук не може да се очекува да одлучи што да цензурира и каде е границата на слободниот говор.

Цукерберг ја повика Европа да напише правила во три насоки - за политички пораки, за личниот простор на граѓаните и за употребата на податоците собрани од социјалните мрежи.

Според Цукерберг, ако Европа не ги напише правилата, авторитарните режими како Кина ќе го сторат тоа за нив.

"Сè додека нема правила за тоа која содржина треба да се ограничи, ние како компанија правиме најдобро што можеме. Всушност, толку многу фактори треба да се земат предвид и затоа нема конкретен одговор која содржина да се отстрани. Можеме само да се надеваме дека ќе најдеме одговор што луѓето го сметаат за легитимен“, рече сопственикот на Фејсбук Марк Цукенберг.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top