Швајцарија не знае што да прави со вишокот респиратори и маски

Швајцарските власти размислуваат што да прават со вишокот респиратори што ги купија во огромни количини во време кога изби пандемијата на коронавирус..

Се натрупаа и залихи на хигиенски маски и имаат над 200 милиони, а треба допрва да стигнат и веќе направените нарачки, објави дневниот весник Sonntags Zeitung цитирајќи извори од Министерството за одбрана.

Секој респиратор чини по десетици илјади долари. Швајцарското Министерство за одбрана соопшти дека од 900 респираторни машини, кои се испорачани до 24 јуни, 261 се наоѓаат во воената медицинска служба, а 639 се расподелени во кантоните. Уште 300 респиратори треба да пристигнат до средината на август.

Властите од кантоните почнаа да ги враќаат респираторите на федералните власти, а тие немаат ни каде да ги складираат, ни како да ги одржуваат.

Тоа значи дека ќе треба или да ги продадат или да ги донираат во земји во развој.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top