Силно невреме во Москва, двајца загинати и 17 повредени

Најмалку две лица се загинати а 17 се повредени во силното невреме што попладнето ја зафати Москва, пренесуваат руските медиуми. Во невремето загинало седумгодишно девојче и возрасен маж. А меѓу повредените е и тримесечно бебе..

Невремето, според снимките што се проширија на социјалните мрежи, корнело дрвја, превртувало возила и контејнери насекаде.


Седумгодишно девојче во многу тешка состојба било пренесно во болница каде им подлегнало на повредите.

„Докторите неможеа да го спасат девојчето кое беше во критична состојба. Изразувам големо сочувство до нејзините родители“ изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, кој додаде дека стотина дрвја се откорнати низ главниот град на Русија.

Во невремето загинал и маж, кога бил потиснат од градежна кабина во предградие на Москва, објави „Интерфакс“, повикувајќи се на извори во московската здравствена служба.

Околу 25 летови доцнат досега на аеродромот во Москва, според „Јандекс“. Силните ветрови предизвикаа хаос во европскиот дел на Русија. Околу 440 домаќинства останале без струја во регионите Владимир, Тула, Твер и Иваново, соопштиле службите за вонредни ситуации.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top