Сите клекнаа, освен рагби играчот кој смета дека хомосексуалците треба да одат во пеколот

Pоради своите размислувања Израел Фолау пред неколку години беше отстранет од својот клуб во Австралија, па мораше да дојде во Европа како би играл..

Вчера за прв пат по корона паузата, се одигра рагби меч во Супер лигата меѓу каталонско-францискиот тим Каталнс Драгонс и англискиот Сент Хеленс. 

Како што е вообичено пред мечот сите кленаа давајќи поддршка за движењето Black Lives Mater. Тоа не го стори само извесен Израел Фолау, интернационалец од Австралија кој има контроверзни размислувања. 

Фолау е голем верник, и тој смета дека хомосексуалците треба да одат во пеколот, исто така и атеистите, пијаниците, прељубниците, лажговците, тие лица што блудничат, лоповите и на сите постојано им порачува дека мора да се покаат и дека само Исус може да ги спаси. 

Сето тоа убаво го објаснил на социјалните мрежи.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top