СКАНДАЛ: Советникот на Димитров зема плата колку претседателот Пендаровски

Амбасадорот Виктор Габер е истакнат член на СДСМ и брат на директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер..

Кој како си ја наредил, толку пари ќе си лапне. Магазин дојде до документи кои укажуваат на тоа дека пензионерот Виктор Габер, советникот на министерот Никола Димитров, зема месечен хонорар од 1200 евра, плус има платен службен телефон, дневници за службени патувања, репрезентација за ручеци и други трошоци на државна сметка. Толкава плата зема и претседателот на државата Стево Пендаровски. МНР Димитров го потпишал договорот со поранешниот амбасадор Габер во октомври 2018 и го поставил за координатор на комитетот на Република Македонија за имплементација на Договорот од Преспа. Амбасадорот Габер ревносно си ја врши работата, за што сведочат изменетите сведителства со Македонија, изводи од матичните книги, како и сите избрусени канализациони шахти во Скопје на кои до пред некое време беше аплицирано сонцето од Кутлеш, кое со потписот на Димитров стана ексклузивен грчки симбол, забранет во Македонија. Досега МНР на советникот Габер му има исплатено 15.000 евра, само на основ хонорар на неговата банкарска сметка.

Но, амбасадорот Габер не е единствениот кој зема високи месечни хонорари од МНР. Министерот Димитров потпишал договори и со Проф. Људмил Спасов, со доцентот од правниот факултет Ана Чупеска, со Проф. Никос Чаушидис, како и со Проф. Фехари Рамадани од тетовскиот универзитет. Најголемиот дел од нив се активни членови на владеачката СДСМ. Магазин ги има овие договори и според нив се гледа дека ова се едни од најскапите советници кои што ги плаќаат даночните обврзници на Македонија.

  • Амб. Виктор Габер (Пензионер, член на СДСМ) = 1.200 евра
  • Проф. Људмил Спасов (Филолошки факултет, СДСМ) = 1.000 евра
  • Доц. Ана Чупеска Станишковска (Правен факултет) = 1.000 евра
  • Проф. Никос Чаусшидис (Институт за археологија) = 1.000е
  • Проф. Фехари Рамадани (Универзитет Тетово, катедра за историја) = 1.000 eвра

Досега МНР на сите членови од комисијата вкупно им има исплатено 63.000 евра само на име месечен хонорар, додека  дополнителните трошоци за телефони, трошоците за сместување при службени патувања, дневници за службени патувања, како и репрезентација за службени ручеци, веројатно се големи, но во моментов нема податоци за тој износ. Истовремено, треба да се напомене дека додека во Македонија се бришат сите траги од името Република Македонија во документите, изводите, патните знаци и се брише и придавката “македонски“ од насловите на државните установи, во Грција сеуште на патните знаци, но и во учебниците нашата држава е ословена како “Скопје“. 


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top