Снегот остави 145.000 луѓе без струја во југоисточна Франција

Околу 145.000 луѓе сѐ уште се без струја во југоисточна Франција по првите поголеми снежни врнежи, соопшти компанијата дистрибутер на електрична енергија..

Невремето во четвртокот вечерта ја погоди источна и централна  Франција и извесен период повеќе од 330.000 домови останале без електрична енергија.

Неколку патишта се затворени поради обилниот снег и мраз, а училиштата и понатаму се затворени во некои области.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top