Со „банана“ Денвер го сруши НБА шампионот

Кошаркарите на Денвер ја продолжија серијата победи и ноќеска го совладаа првакот Голден Стејт на домашен терен со 100:98..

Гостите беа подобри на почетокот и првиот период го добија со 25:17, но во следните две четвртини Денвер постигна 63 поени, а прими 45 за водство по три четвртини од 80:70. Голден Стејт се врати резултатски, но сепак Денвер поведе со 100:98 во пресрет на последниот напад на шампионот.

Џонс имаше зицер за изедначување, но Хернангомез „му залепи банана“ за триумф на неговиот тим. Кај Денвер најефикасен беше Харис со 28 поени, а Јокиќ постигна 23, а додека на дуелот најпрецизен беше Кари со 30 поени.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top