Собрани потписите, ќе има референдум против Бартомеу

Актуелниот претседател на Барселона, Жосеп Марија Бартомеу ќе мора да распише референдум за негова доверба откако иницијаторите за смена ги собраа потребните потписи..

Беа потребни 16.521 потпис на членови на Барселона, а на еден час пред истекот на рокот веќе има 18 илјади. До вечер до 18 часот, потписите мораат да се предадат во клубот на разгледување и проверка на нивната автентичност.

Сега почнува втората етапа од процесот. Референдумот треба да се закаже најдоцна во следните 20 работни денови, а против Бартомеу треба да гласаат две третини од членовите на Барселона. Ако референдумот биде успешен, претседателот и неговите мораат да ги напуштат своите функции и веднаш да бидат распишани избори за нов прв човек на клубот.

Интересно е тоа што во последните 24 часа беа собрани над четири илјади потписи што е околу четвртина од вкупниот број членови кои се изјасниле за референдум. Иницијативниот одбор за промени утре во 12 часот, на прес конференција ќе ги обзнани следните чекори.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top