Солскјер во акција, голем пресврт околу Ромелу Лукаку

Ромелу Лукаку е на подготовки во Австралија со екипата на Манчестер Јунајтед, иако одамна се зборува дека е на излезни врати, но „Црвените ѓаволи“ не попуштаат и бараат 80 милиони евра за неговата слобода..

Интер е прв кандидат за неговиот потпис, но не можат да се ослободат од Мауро Икарди, во целата приказна се вмеша и Јувентус, но се чини дека тоа е само притисок врз најголемиот ривал.

Сепак, од Австралија пристигнуваат вести дека Солскјер разговарал со Лукаку, дека му истакнал дека најсериозно смета на него и дека побарал од Белгиецот да остане на „Олд Трафорд“ барем уште една сезона.

Проблем е што Рашфорд сака да игра во самиот шпиц на нападот, па Лукаку би морал да ја чека својата шанса. Сепак, Солскјер верува дека има место за двајцата, па останува да се види дали Лукаку ќе се предомисли, со тоа што Интер нема пари за овој трансфер, а преодниот рок за разлика од Италија во Англија завршува за месец дена.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top