Солскјер воодушевен од својот играч по победата над Интер: Ме потсетува на Гигс

Манчестер Јунајтед успеа да го совлада Интер во пријателски натпревар со 1:0..

Единствениот гол на мечот беше дело на 17-годишниот Мејсон Гринвуд во 76. минута кога по еден слободен удар топката се одби до него, а тој со дриблинг го исфрли играчот на Интер и погоди за победа на Јунајтед.

Воодушевен беше и тренерот на Јунајтед Оле Гунар Солскјер кого Гринвод го потсетува и на легендарниот Рајан Гигс со кого некогаш ја делеше соблекувалната.

„Детето има само 17 години и секој ден учи нови работи од постарите на тренинзите. Со нас е веќе неколку месеци и му порасна самодовербата.

„Како што реков и претходно, станува збор за фантастичен играч, талент кој е природен голгетер. Никогаш не сум размислувал да го испратам на позајмица, тој е еден до оние кои мораме да ги задржиме и мора да игра кога ќе почувствуваме дека е вистинско време за тоа.

„Ме потсетува малку на Гигс и неговата приказна. Не можеме да го испратиме на позајмица. Што се однесува до мене, тој е подготвен да биде во оваа екипа“, изјави Солскјер.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top