Соопштение по повод прославата на 8ми Септември во Мелбурн

П О К А Н А.

Почитувани Македонци, 

По повод денот на независноста на Република Македонија, 

Советот на македонската заедница од Мелбурн и Викторија, ве поканува да учествувате на традиционалната cвечeнa церемонија за подигање на Maкедонcкитe знамиња. Церемонијата ќе се одржи на: 

Ден: 8ми Септември 2017 

Време: 10:30 наутро 

Место: Главен градски плоштад во Мелбурн (Federation Square) 

Независноста за македонската држава е македонскиот вековен сон што се оствари пред точно 26 години, односно во 1991 година. 

Таа 1991 година претставува кулминација на вековната борба за постигнување на независна македонска држава. 

Сонот на многубројни генерации и целта на неброените херои се оствари токму на 8ми Септември 1991 година. 

Денес, ние Македонците живееме во време кога треба да сме горди на тоа што го имаме. Имаме независна, суверена и самостојна држава Република Македонија. 

Држава што може да си ја нарекуваме своја, држава која е одлика на современите демократски вредности предвестени од Крушевската Република. 

Затоа, како Македонци, треба да сме благодарни дека го имаме тоа за кое многу наши предци непокорно се бореа, тоа за кое многу наши херои го положија својот живот, тоа што многуте востанија го навестуваа.

Поради тоа, треба овој ден да го славиме рамно со двата Илиндена, бидејќи двата Илиндена целеа кон независна Македонија. 

Советот на македонската заедница за Мелбурн и Викторија и неговиот Управен одбор ве повикува да излеземе сите заедно на овој ден, на главниот плоштад во Мелбурн и гордо да ги кренеме Maкедонcкитe знамиња. 

Нека ни е честит 8ми Септември, Денот на Независноста на Република Македонија. 

Со почит, 

Зоран Здравески Претседател 

Контакт: Зоран Здравески 0418 997 722


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top