Состојбата на Аргентинецот не е добра: Агуеро го очекува подолга пауза

Аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро се наоѓа во многу лоша состојба и може да паузира подолго отколку што некои мислат, тврди докторот во репрезентацијата..

Напаѓачот на Манчестер Сити минатата недела доживеа сообраќајна несреќа во Амстердам откако возачот на таксито со кое се возеше удри во столб покрај патот. Притоа тој доживеа скршеница на едно ребро и првичните прогнози беа дека ќе отсуствува две до четири недели. Сега ситуацијата се менува, докторот тврди дека Агуеро би можел да биде надвор од терените повеќе од шест недели, а можеби и до крајот на годината.

„Освен повредите, Серхио е во многу лоша емотивна состојба бидејќи сакаше да игра за својата репрезентација. Мислам дека нема да може да игра месец ипол, но нема да биде чудо ако враќањето се пролонгира”, изјави докторот Донато Вилани.

Аргентинската репрезентација ја очекуваат двата најважни натпревари од квалификациите за Светското првенство против Перу на домашен и Еквадор на гостински терен. Победи во двата дуели ги носат “гаучосите” директно на Мундијалот во Русија.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top