СПЕКТАКЛ: Мурињо и Тотенхем доаѓаат во Скопје!

Тотенхем е следниот противник на Шкендија во Лига Европа.

Екипата на Шкендија се избори за пласман во следната фаза од Лига Европа откако вечерва го победи Ботошани во Романија со 0-1.

Со тоа составот од Тетово идниот четврток во Скопје на „Националната Арена Тодор Проески“ си закажа дуел со супер моќниот Тотенхем.

Имено англичаните предводени од Жозе Мурињо по инфаркт завршница вечерва го елиминираа Локомотив Пловдив на екс тренерот на Шкендија,Акраповиќ.

Бугарите во финишот во 70. минута преку Минчев поведоа со 1-0. А потоа следеше луд финиш во кој за Локомотив беа досудени два црвени картони. Тоа знаеја да го искористата гостите од Лондон па Кејн од пенал и Ндомбеле во пет минути направија комплетен пресврт за победа од 1-2.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top