Средба на претседателот на Интегра со градоначалникот на Кантербури Бенкстаун

Продолжуваат средбите на претставниците на Интегра во Нов Јужен Велс, Австралија.

Денес средби со градоначалникот на Canterbury Bankstown, најголемата општина во државата Нов Јужен Велс со 350.000 жители и со БДП од 15 милијарди долари годишно, за половина повеќе од Македонија, со г. Karl Asfir...голем поддржувач на македонската заедница во Австралија и огорчен противник на промена на името на татковината во "Северна". Во оваа општина е и најголемиот македонски фудбалски клуб Сиднеј Македонија.

Средба и со Стив Тунтевски, пратеник во локалната управа на Bankstown од областа Revesby Ward, патриот и борец за македонските права во Австралија, двајцата големи пријатели на ИНТЕГРА.

И не помалку важна работна и неформална средба со потпретседателот на младинската организација на Либералната партија во Австралија, младиот г. Mathew Hanna, кој патем е пред избор во менаџмент бордот на партијата за еден од директорите.

Вечерва продолжуваме со обраќање пред македонската заедница во Bankstown, во Himalaya Emporium...


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top