Столтенберг: Македонија сега е дел од семејство на 30 држави и една милијарда луѓе

Македоонија сега е дел од НАТО семејството, вака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска соопшти дека е завршен процесот на пристапувањето на Македонија во НАТО, откако инструментот за членство за земјава денеска беше депони.

„Македонија сега е дел од НАТО семејството, семејство од 30 држави и речиси една милијарда луѓе. Семејство засновано на сигурноста дека, без оглед на предизвиците со кои ќе се соочиме, сите ние сме посилни и посигурни заедно“, изјави Столтенберг.

Од НАТО притоа се информира дека македонското знаме ќе бдие кренато пред седиштетот на НАТО во Брисел в понеделник, но и во Сојузничката оперативна команда во Монс, Белгиија, и во Сојузничката команда за трансформации во Норфол, САД. На кревањето на македонскотот знаме во Брисел ќе присуствува генералниот секретар, Столтенберг, претседавачот на Воениот комитете на НАТО, воздухопловниот маршал сер Стјуарт Пич, како и вршителот на должност во македонската делегација во НАТО, Зоран Тодоров.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top