Судирите меѓу земјите со најбројни светски армии плодно тло за нова голема војна

На првото место меѓу земјите кои имаат најбројна војска за 2019 година во светот е Кина, која има 2.183.000 војници, следи Индија со 1.362.200, а на третото место се САД со 1.281.900 војници..

Иако и понатаму постои опасност од избивање на војна меѓу САД и Иран, постојат уште некои земји меѓу кои би можело да дојде до судири.

Стравувањата за избивање на Трета светска војна уште еднаш се појавија, и тоа на почетокот на 2020 година, откако европските држави ја започнаа формална постапка поради кршење на нуклеарниот договор од страна на Иран. Иако и понатаму постои опасност од избивање на војна меѓи САД и Иран, постојат уште некои земји меѓу кои би можело да дојде до судири.

Светот повторно се најде на раб на избивање на нова војна, откако ракети погодија американски и британски бази во Ирак, што наводно придонесе и до повреди на цивили од неколку околни села. Демократските претседателски кандидати во Америка на вчерашната дебата рекоа дека американскиот претседател Доналд Трамп безобѕирно ја забрзал војната против Иран, а сега и европските сили распишаа формален спор против Иран, пишува британски „Експрес“.

Иран постепено ги укина сите граници за производство на збогатен ураниум, кој може да се користи за изработка на гориво на реактори, но и за нуклеарно оружје.

Еден чекор го води светот во нова војна

Земјите од Блискиот исток пак тврдат дека имаат право да го прават тоа, како одговор на санкциите кои САД ги воведоа откако во 2018 година Трамп се повлече од иранскиот нуклеарен договор, кој е потпишан во 2015 година. Меѓутоа, Франција, Германија и Велика Британија рекоа дека не го прифаќаат овој аргумент на Иран.

За да го заштитат договорот и да го спречат Иран, европските сили го стартува механизмот за решавање на спорови од членот 36 на договорот.

Механизмот всушност значи дека спорот ќе биде проследен на Заедничката комисија која ќе има најмалку 15 дена да го реши тоа прашање.

– Се надеваме дека Иран во потполност ќе се врати и ќе ги почитува обврските во рамките на JCPOA (Заеднички сеопфатен план на делување) – стои во соопштението.

Ако поднесителите на жалбата не бидат задоволни по завршувањето на овој период, прашањето може да се проследи на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН), каде повторно може да се гласа за наметнување на сите санкции кои беа укинати во рамките на овој нуклеарен договор.

Многу експерти веруваат дека овој чекор, иако е обид за спречување на сестрана војна, би можел да биде чекор кој укажува на крај и води кон Трета светска војна.

Откако американските воздушни сили во напад со дрон го ликвидираа иранскиот генерал Касем Сулејмани, Иран се заколна на освета, нарекувајќи ја таа акција „објава на војна“.

По овие настани, следеше рушењето на украинскиот патнички авион од страна на иранската војска, а откако властите во Иран признаа дека направиле грешка, дојде до бран на протести во земјата на кои се бара оставка од врховниот лидер.

Со оглед на зголемените тензии меѓу Иран, САД и Европа, како што пишува „Експрес“, најплодно тло за нова голема светска војна се споровите меѓу следните земји.

На првото место меѓу земјите кои имаат најбројна војска за 2019 година во светот е Кина, која има 2.183.000 војници, следи Индија со 1.362.200, а на третото место се САД со 1.281.900 војници.

Потоа следат Северна Кореја (1.280.000), Русија (1.013.628), Пакистан (654.000), Јужна Кореја (625.000) и Иран (523.000).

Меѓутоа, постојат и уште некои земји меѓу кои е можно да дојде до нова војна.

Иран – Израел

Тензиите меѓу Иран и Израел постојат со години, а како резултат на тоа има војување на ниско ниво ширум целиот Блиски исток.

САД – Турција

Во изминатата година дојде до влошување на врската меѓу САД и Турција, откако Америка ја овласти Турција да ги „исчисти“ Курдите од сириската граница, а потоа Анкара се закани со санкции.

Кашмир

Спорниот регион Кашмир предизвика фрустрации меѓу Пакистан и Индија, кои траат многу години наназад.

Тензиите уште еднаш ескалираа во 2019 година, кога индискиот премиер Нарендра Моди се обиде да ја намали автономијата на Кашмир и да ја промени политиката за државјанство, за оваа територија да може да се вклопи во остатокот на Индија.

САД – Северна Кореја

САД и Северна Кореја имаат долгогодишни несогласувања, а престојните претседателски избори во Америка оваа година се закануваат да го влошат веќе нарушениот однос.

Иако претседателот Трамп покажа надеж дека може да се постигне договор со Северна Кореја, што би можело да ја подобри неговата позиција и позицијата на неговата администрација. Од друга стана, Севернокорејците не покажаа интерес за понудата на американскиот претседател.

Русија

Руското министерство за одбрана лансираше 30 воени бродови и 40 летала за да ги тестира своите крстосувачки ракети, за време на своите воени тестирања минатата недела.

Со тоа, оваа земја покажа некои од своите најопасни ракетни оружја и укажа дека руската војска е сериозно подготвена.

Дали ќе дојде до Трета светска војна?

Светот е на готовс по смртта на Сулејмани, едно од најмоќните лица во Иран. Иран се повлече од нуклеарниот договор, а Трамп се закани дека уште посилно ќе ја погоди земјата, доколку Техеран се одмазди.

И покрај жестоките шпекулации за избивање на Трета светска војна на интернет, САД и Иран се познати по реториката на одмазда, но дали ќе дојде до посериозен воен конфликт, се уште не може да се потврди со сигурност.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top