СЗО: Рекорден пораст на заразени со вирусот - за еден ден 230 илјади нови случаи

Светската здравствена организација (СЗО) објави уште едно рекордно зголемување на бројот на потврдени случаи на коронавирус за 24 часа, бидејќи повеќе од 230.000 биле регистрирани ширум светот во саботата..

СЗО објави дека САД повторно се на врвот на списокот на земји со повеќе од 66.000 случаи регистрирани за еден ден.Трендот на потврдени случаи на Ковид-19 продолжува да расте. Во петокот, во текот на 24-часовниот период беа потврдени 228.000 нови случаи на инфекција со коронавирус ширум светот.

Досега се пријавени повеќе од 12,5 милиони потврдени случаи ширум светот, додека повеќе од 561.000 луѓе починале. СЗО прогласи глобална пандемија на 11 март поради ширењето на коронавирусот.Заедно со Европа, СЗО ги прогласи САД, а потоа и Јужна Америка за епицентар на пандемијата на коронавирус, која за прв пат се појави на крајот на минатата година во кинескиот град Вухан.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top