Тачи: Конечниот договор на Косово и Србија ќе оди на референдум

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека дијалогот со Србија влегува во нова фаза и дека за конечниот договор, кога ќе биде склучен, ќе биде организирано референдумско изјаснување..

Тој за време на престојот во Брисел за Радио Косово изјави дека очекува Косово да формира „екипа на единство“ во која ќе бидат претставници на сите политички партии и граѓанското општество.

„Како претседател ќе предложам да се создадат услови конечниот договор откако ќе го усвои екипата на единството, но и консултативната екипа во која ќе бидат политичките партии, граѓанското општество, медиумите, верските заедници, и граѓаните на Косово да се изјаснат на референдум“, кажа Тачи.

Според него, останале голем број отворени прашања, но дека не може да се преговара бесконечно, а процесот на дијалог треба еднаш засекогаш да се заклучи.

„Ова е нова фаза од преговорите, завршна фаза на дијалогот за нормализација на односите и помирувањето на двете држави и нашите два народи“, кажа Тачи.

Тој кажа дека „сигурно дека Србија има свои цели да биде дел од европското семејство“ а дека, како што наведе, „двете земји можат да одат напред само со соработка, градење добрососедски односи и ни во кој случај живеење во статус кво“.

Тачи кажа и дека „во таа насока ЕУ треба да ја преземе улогата што ѝ припаѓа, и да го води процесот со поддршка и директно вклучување на САД“.

Косовскиот претседател го оццени како големо достигнување вчерашниот договор во Брисел правосудниот систем на северот на Косово од 17 октомври да дејствува како дел од косовскиот правосуден систем и според косовските закони.

Тачи кажа дека очекува интензивирање на средбите на највисокот ниво како во Брисел така и во САД, во Њујорк и други места, и истакна дека е многу значајно ЕУ да е единствена околу сето ова.

„Имаме поддршка и очекуваме директно вклучување на САД бидејќи само со нивно вклучување имаме силни гаранции да преземеме брзи чекори и одлуки кои се правични, функционални и одржливи“, кажа Тачи.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top