Таен договор со капитенот, што крие продолжувањето на соработката со Рамос?

Без многу помпа и развлекување по медиумите капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос го продолжи договорот со клубот..

Европскиот првак навреме ги осигура клучните играчи во екипата, бидејќи пред Рамос верноста кон клубот ја продолжија и Марсело, Иско, Карвахал и Бензема.

Постоечкиот договор на дефанзивецот истекуваше летото 202.година, но тој го продолжи истиот за уште 12 месеци, а оваа информација ја потврди и “Марка“, додека официјално клубот ќе го стори тоа во наредните неколку дена.

Рамос доби и зголемување на платата, па покрај Кристијано Роналдо и Герет Бејл стана најплатениот фудбалер во редовите на “кралевите“.

Деталите од соработката не и се познати на јавноста и ваквото однесување за Реал е несвојствено, посебно бидејќи станува збор за капитенот на тимот, а избегната е било каква промоција и помпа.

Рамос дојде на Сантијаго Бернабе во 2005.година од Севиља и стана стандарден првотимец, кој зад себе има 533 натпревари и огромен борј на пахари, по три од Лигата на шампиони и УЕФА Суперкупот, исто толку од Супер купот на Шпанија, четири трофеи од Примера, два од Купот на кралеви и два од ФИФА клубското светско првенство.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top