Тахири: Датум за преговори би ја детерминирал иднината на државата

Аналитичарот и колумнист, Сефер Тахири, во „Емисијата 200“ на Алсат ТВ, вели дека доделувањето на датум за почеток на преговорите вистински ќе ја детерминира иднината на Македонија..

„Јас мислам дека одредувањето на датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ ќе биде одлучувачки момент кој ќе го трасира патот на земјата кон евроатланските структури, но и од друга страна кон соочувањето со самата себе. 

Ние треба да создадеме стабилни и издржливи институции кои ќе бидат функционални, ефективни и кои ќе бидат во функција на граѓаните, бидејќи ние реално, досега целиот политичкиот систем  беше во функција на политичарите. 

Ние сме имале премиери кои во директна или индиректна  форма биле обвинети, но  за жал тоа се смета за нормално. Во државата се случува, на позиција  да дојде политичар со скромна лична и семејна историја, а од политиката да си оди со многу пари или да остане поради парите. 

Мислам дека интеграцијата или членството на земјата во ЕУ ќе ги промени институциите во смисла на функционалноста и ќе ја промени сликата на земјата кон надвор. Затоа што за жал, ние надвор кога се среќаваме со другите, имаме имиџ на балканска држава во лоша смисла на зборот, во смисла на нефункционална демократија, нефункционално судство. 

Остранувањето  на новинарите првапат од Собранието на 24 декември 2012 година беше првиот знак на авторитарност кој беше покажан и претходно со затворање на телевизијата А1“, рече Тахири.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top