Температурите во Дубровник соборуваат рекорди, измерени 30 степени и во 20 часот

Во Дубровник вчера во 15 часот биле измерени 37,3 степени Целзиусови, со што е соборен температурниот рекорд..

Локалните медиуми јавија дека градот е зафатен со таканаречената фенска бура. Температурата е висока и во вечерните часови, па така синоќа во 20 часот, во Дубровник биле измерени 30 степени.

Инаку, највисоката јунска температура досега во Дубровник е измерена пред 16 години.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top