Трајковски сам дојде на судењето за „ТНТ“

Поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски кој е обвинет во случајот „ТНТ“ утрово сам дојде на закажаното судење..

Судијата Огнен Ставрев по двете отсуства вчера нареди Трајковски да биде донесен на судењето со полиција, ако не се појави. 

Поради неотповиклива оставка на поротничка од овој предмет, судскиот процес денес треба да почне одново. 

Во предметот „ТНТ" обвинети се поранешниот министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, вработени во Општина Гази Баба, како и поранешен премиер Никола Груевски, кој е во бегство во Унгарија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top