Трамп драматично го намали бројот на бегалци кои смеат да влезат во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп драматично го намали бројот на бегалци на кои им е дозволено да влезат во САД на 18.000, во актуелната фискална година..

„Намалувањето на бројот е оправдано од хуманитарни причини или е во национален интерес“, пишува во меморандумо кој Трамп го потпиша, а службата за јавност го дистрибуираше во петокот.

Според новата политика бројот на луѓе од Ирак е ограничен на 4.000, а бројот на луѓе на кои ќе им биде дозволен влез во САД од Ел Салвадор, Гватемала и Хондурас на 1.500.

Преостанатите 12.500 остануваат за луѓето кои се плашат од прогон поради своите верски убедувања, или се однесуваат на оние кои потпаѓаат под Американската програма за прифаќање бегалци.

Ова е најниската бројка од воведувањето на американската програма за бегалци во 1980 година. Лимитот за минатата фискална година беше 30.000 луѓе.

2во фокусот на надворешната политика на Трамповата влада е посветеноста на донесување одлуки врз основа на реалноста, а не врз желбите и постигнување оптимални исходи засновани врз конкретни факти“, се наведува во изјавата на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Во текот на 2016, последната година од мандатот на претходниот претседател Барак Обам, околу 85.000 бегалци можеле да влезат во САД.

Трамп таа бројка ја намали во 2017 на околу 53.000 бегалци, според извештајот кој во март го објави министерството за државна безбедност.

Американската влада го објави својот план на крајот на септември кажувајќи дека новиот лимит ќе ѝ овозможи на владата да се бави со отворените прашања на јужната граница, која е прогласена за „кризна“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top