Трамп го обвини Обама за руското мешање во изборите во 2016

Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше администрацијата на неговиот претходник, Барак Обама во врска со руското хакирање наменето за да му помогне да победи на претседателските избори во 2016 година..

„Зошто не сториле ништо во врска со тоа?“ напиша Трамп на Твитер, додавајќи дека Обама бил информиран за тоа пред гласањето.

Продолжува притсокот врз Трамп да го откаже состанокот со рускиот претседател Путин, закажан за в понеделник во Хелсинки, по објавата за 12-те обвинети Руси за вмешаност во американските избори. Русија веднаш ги отфрли обвинувањата за хакирање на изборите во САД.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top