Трамп им нареди на американските компании да ја напуштат Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека им наредил на американските компании да ја напуштат Кина откако Пекин најави воведување царини на американска стока вредна 75 милијарди долари, разгорувајќи ја трговската војна меѓу двете најмоќни светски.

Трамп на Твитер најави дека на најновиот кинески потег ќе одговори најдоцна денес. Американскиот претседател претходно во текот на денот се сретна со функционери задолжени за трговија, му открил на Ројтерс висок функционер на Белата куќа.

„Не ни треба Кина и искрено зборувајќи би ни било многу подобро без нив. Големите пари кои Кина ги заработи и украде од Соединетите Држави, година за година, со децении, мора да престанат“, напиша Трамп на Твитер.

„На нашите силни американски компании затоа им е наредено веднаш да поќнат да бараат замена за Кина, вклучувајќи ја и опцијата да се вратат дома и своите производи да ги прават во САД“, додаде тој.

Не е јасно според кој закон Трамп би можел да им нареди на американските компании да го прекинат своето работење во Кина или да престанат да набавуваат одредени производи од таа земја.

Трамп кажа и дека на американските поштенски компании, како Федекс, Амазон, Ју-пи-ес и Американска пошта, им наредил да ја прекинат доставата на сите пратки кои го содржат опиоидот фентанил во САД.

Кина денес најави дека во знак на одмазда ќе воведе царини на американска стока вредна 75 милијарди долари, за првпат и сирова нафта.

Пекинг од почетокот на септември односно средината на декември ќе воведе царини во распон од пет до 10 осто на 5.078 производи од САД.

Тоа е одмазда на потезите на Трамп кој претходно воведе високи царини на кинескиот увоз во вредност од 250 милијарди долари и најави два нови круга царини на дополнителни 300 милијарди долари кинески увоз, на почетокот на септември и средината на декември, вклучувајќи мобилни телефони, лаптопи, облека и играчки.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top