Трамп: Мексико со помош на САД да води војна против нарко-картелите

Американскиот претседател Доналд Трамп и понуди на Владата на Мексико помош за водење војна со нарко картели, откако девет члена на американско семејство беа убиени во северниот дел на Мексико..

„Ова е време за Мексико, со помош на САД, да води војна со нарко картелите и да ги избрише од лицето на земјата. Ние само чекаме на повик на вашиот голем нов претседател”, наведе Трамп во една од пораките на Твитер.

Тој додаде дека американската влада е подготвена да се вклучи во борбата и дека за претседателот на Мексико Андрес Мануел Лопес Обрадор, е приоритет борбата против нарко картелите.

„Но, картелите станаа толку големи и моќни што понекогаш ви треба војска за да ја порази војската“, смета Трамп.

Лопес Обрадор се залага за помалку милитаристички пристап кон проблемот и смета дека „фронт-политиката“ што ја водеа неговите претходници доведе до поголемо насилство.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top