Трамп на објавувањето на извештајот реагираше со фотографија од себе како лик од Игра на тронови

Денес беше објавен извештајот на специјалниот истражител Роберт Мјулер во САД, во кој беа претставени резултатите од истрагата која се фокусираше на наводното мешање на Русија во изборите во 2016 година, на кои победи Доналд Трамп..

И додека новинарите ги читаат и пренесуваат 448-те страници на извештајот за Трамп, американскиот претседател се обидува да го претстави ова како своја голема победа.

Тој на Твитер објави фотографија од себе во стилот на популарната серија Игра на тронови.

Со фонтот кој се користи во серијата тој напиша „Играта е завршена. Нема дослух, нема опструкција. За сите мразачи и радикално леви демократи“.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top