Трамп се обрати по повод Денот на независноста

Претседателот на САД, Доналд Трамп синоќа по повод Денот на независноста 4-ти јули, и се обрати на нацијата од планината Рамшор, во Јужна Дакота , каде на изборите во 2016 доживеа убедлива победа....

Традиционално со огномет Соединетите држави одбележаа 244 години од независноста. Целата земја е во боите на знамето, се одржуваат паради, политички говори, а секако не изостанува обраќањето на претседателот кон нацијата, а реториката најчесто повикува на единство. Американскиот претседател Доналд Трамп, пред кого е изборна кампања, на граѓаните им се обрати од познатиот споменик на Маунт Рашмор

,,Драги мои сограѓани, судбината на Америка е во нашите погледи, хероите на америка се закопани во нашите срца, иднината на Америка е во нашите раце. Дами и господа, најдоброто допрва доаѓа.

Претседателот Трамп е првиот претседател од далечната 1991 година кој својот говор го оддржа на Маунт Рашмор, Јужна Дакота, каде што се врежани татковците на нацијата.

Сепак ситуацијата со коронавирусот претстави малку поразлична слика во однос на претходните години. Граѓаните се попретпазливи поради опасната зараза, па наоѓаат поразлични начини да го одбележат празникот, а некогаш главните центри и собиралишта се со катанец на вратите.

,,Оваа година ќе биде малку поразлична, па ние се одлучивме за алтернативен план.

Поздраво е да си надвор, но и да се дистанцираш од луѓето.

Барем се уште можеш да си купиш хот-дог.

На 4ти јули 1776 година, тринаесетте колонии на Америка, кои тогаш биле во конфликт со британската империја, се декларирале себеси како држава на новата нација. Декларацијата за независност била изготвена од Томас Џеферсон, кој подоцна станал и претседател на земјата.

Првата прослава на денот на независноста се одржала на 4ти јули 1777 година во државата Роуд Ајленд со 13 истрели во чест на 13те поранешни колонии. Оттогаш денот станува голем национален празник. Денот е неработен за администрацијата



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top