Тргна новата сезона во НБА: На стартот Кари и Дурант кобни за Оклахома, победи и Бостон

Новата сезона во НБА лигата започна изминатата ноќ, а на отварањето победи запишаа Бостон Селтикс и актуелниот шампион Голден Стејт..

Селтикси на свој терен славеа против Филаделфија со резултат 105:87. Kошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембид Првите ги постигна првите поени во новата сезона, но на крајот сепак победата ја однесе Бостон.

Одлучувачка беше последната четвртина. Домаќините ги предводеше Џејсон Татум со 23 поени, ист број на поени за Филаделфија уфрли и Џоел Ембид кој имаше и десет украдени топки.

Актуелниот шампион Голден Стјет славеше победа против Оклахома со 108:100.

Оклахома на овој натпревар беше без повредениот Расел Вестбрук. Сепак и покрај тоа пружија добар отпор. Иако Оклахома во еден момент од третата четвртина успеа и да поведе, на крајот квалитетот пресуди и шампионот во сезоната влезе со победа.

Кари ги предводеше Вориорси со 32 поени, девет асистенции и осум скокови, додека Дурант забележа 27 поени, осум скокови и шест асистенции.На другата страна Пол Џорџ уфрли 27, а денес Шордер 21 поен.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top