Триесет дена притвор за Катица Јанева

Јанева од денеска е третоосомничена во случајот „Рекет“, за кој веќе во притвор се Бојан Јовановски - „Боки 13“ и Зоран Милевски - „Кичеец“..

 Судија на претходна постапка од Кривичниот суд, по четиричасовен распит, го уважи барањето на Обвинителството за гонење на организиран криминал и и одреди триесетдневен притвор на шефицата на Специјалното Јавно обвинителство (СЈО), Катица Јанева. Јанева е префрлена во истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари.

Јанева од денеска е третоосомничена во случајот „Рекет“, за кој веќе во притвор се Бојан Јовановски - „Боки 13“ и Зоран Милевски - „Кичеец“.

Од Обвинителството соопштија дека Јанева е осомничена за злопотреба на службената положба и овалстување, бидејќи влијаела и издејствувала поволности на бизнисменот Орце Камчев осомничен во случајот „Имеприја“ на СЈО.

На барање на нејзиниот адвокат, Јанева утре ќе биде спроведена на погребот на нејзината мајка која почина утрово, непосредно пред нејзиното приведување.

„Во овој момент сметавме заедно со јавниот обвинител на Република Северна Македонија дека е неопходна оваа мерка. Истрагата може да трае максимално шест месеци и во тој рок треба да се подигне обвинение“, изјави обвинителската Рускоска по завршувањето на распитот и додаде дека немала политички притисоци за овој случај но и дека досега ова и било најтешко соочување бидејќи од другата страна се наоѓал нејзин колега.

На денешната прес конференција во Обвинителството, републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кажа декаимаат непобитни докази дека Јанева влијаела на истрагата во „Империја“ во корист на Камчев и за тоа добила подароци - мебел вредени околу 300 илјади денари од еден од приведените во случајот „Рекет“.

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, беше приведена околу 13 часот а потоа беа извршени претреси во нејзината канцеларија во СЈО од каде е одземен компјутерот но и во нејзините домови во Скопје и Гевгелија, од каде пак беше запленет мебелот кој ќе се користи како доказ.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top