Тухел добива конкуренција: „Драма-мајсторот“ од Премиерлигата, кандидат за нов тренер на Баерн?

Деновиве се шпекулираше за новото тренерско име во Баерн Минхен, сите погледи одеа кон тоа дека Томас Тухел ќе биде идниот предводник на „Баварците“, но најновите информации зборуваат за нешто сосема друго..

Најтиражниот спортски весник во Германија, таблоидот „Билд“ сега тврди дека Баерн Минхен е во контакт со Луи Ван Гал, тренерот кој и во минатото ја предводеше оваа екипа.

Холандскиот стратег ја предводеше Баерн Минхен од 2009 до 2011 година, но тогаш не успеа баш на најдобар начин да се раздели од Баерн.

Ван Гал по Баерн Минхен ја предводеше Холандија (2012-2014), за подоцна да се пресели во Манчестер Јунајтед две сезони, од каде му беше доделен отказ.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top