Турската авијација бомбардираше аеродром, преку кој САД испорачуваше оружје на Курдите

Турската авијација нанесе удари по аеродромот во северозападна Сирија, кој беше користен од САД за испорака на оружје кон курдските вооружени формации, пријави „Hurriyet“, повикувајќи се на воени извори..

Аеродромот е меѓу 133-те цели поставени за напад во текот на операцијата „Маслиново гранче“ во сирискиот град Африн.

Претходно денеска Генералштабот на Турција го најави почетокот на операцијата „Маслиново гранче“, насочено против формации на Курдите во Африн. Операцијата започна денеска попладне.

Според податоците на турскиот Генералштаб, во неа учествуваат 72 авиони. Погодени се 108 од планираните 113 објекти. Целта на операцијата е „расчистување на регионот од терористи и спасување на братскиот народ од терористичко угнетување“.

Министерство за одбрана на Русија од своја страна соопшти дека изнесува војници од зоната на конфликтот со цел да ја обезбеди нивната безбедност.



Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top