Уапсен фолк пејачот Петар Нечовски

Фолк пејачот Петар Нечовски, осомничен за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ е уапсен.

Фолк – пејачот Петар Нечовски, осомничен за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ е уапсен од страна на охридската полиција, при што е поднесена кривична пријава против него за подметнување пожар.

– Истрагата утврди дека на 24 минатиот месец П.Н. по неуспешниот обид да оствари средба со еден музички новинар во продукција во Охрид, пред вратата на продукцијата запалил најлонска вреќа со ѓубре, велат од МВР.

Пожарот навреме бил забележан и изгаснат.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top