Убиен мексикански новинар кој пишувал за нарко картелите

Мексиканскиот радио новинар Сантијаго Баросо , кој пишувал за нарко картелите, вчеравечер е застрелан во неговиот дом..

Непознат сторител пукал неколку пати во Баросо , кој нешто подоцна починал во болница во град во близина на границата со САД. баросо работел во радиото во местото Сан Луис Рио Колорадо , оддалечен околу 32 километри од Јума, во Аризона.

Од почетокот на годината , Баросо е трет новинар убиен на северот на Мексико. Се уште не е познато дали убиството е поврзано со неговата работа како истражувач на нарко картелите во Мексико.

Министерот за безбедност на Мексико вети федерална помош во истрагата за причините за убиството.

Од 2012 до денес во Мексико се убиени најмалку 46 новинари.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top