Ултра шок за Реал Мадрид: Немаат голман за мечот со Севилја!

Реал Мадрид се наоѓа во многу тежок период од сезоната, по повредата на Тибо Куртоа, им се повреди и другиот голман, Кејлор Навас, кој има проблеми со својот мускул..

Освен што сега се повреди и Навас, клупата на „кралевите“ изгледа како вистинска болница со имињата на Тони Крос, Герет Бејл и Марко Асенсио.

Сепак можно е Реал некако да го приспособи Тибо Куртоа за мечот со Севилја, но и таа комбинаторика е неизвесна.

За ситуацијата да биде драматично, Реал го продаде третиот голман на Лидс Јунајтед пред само еден ден, Кико Касилја.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top