Успешна хуманитарна акција на Охриѓани во Австралија по повод епидемијата Ковид 19

Хуманоста е голема работа, Охридското Социјално Друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн поведе една успешна хуманитарна акција и со гордост на Фаланга ви ја преставуваме Наскоро ќе објавиме и вториот дел од акцијата со имиња од донаторите.

Интернационалната полициска социјација (ИПА) Регион Охрид, искажува јавна благодарност до Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн-Австралија за нивната вклученост во набавка на средства и опрема за лична заштита наменета за полициските службеници при Секторот за внатрешни работи Охрид.

Интернационалната полициска социјација (ИПА) Регион Охрид, во изминатиов период доби донацијата од членовите на Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од 1600 парчиња заштитни ракавици и 1500 повеќенаменски заштитни маски.

Со тоа, нашите сонародници од Австралија, покажаа грижа за здравјето на полициските службеници кои деноноќно се на терен и несебично се ангажирани во спроведувањето на полицискиот час, обезбедување на државните карантини и во други бројни и сложени безбедносни мерки за заштита на граѓаните од ширење на коронавирус COVID-19.

Донацијата, е дистрибуирана до полициските службеници во полициските станици во Охрид, Струга, Кичево и Дебар и ќе придонесе за подобро опремување на полициските службеници со неопходните заштитни ракавици и заштитни маски и ќе го зголеми степенот на хигиената и безбедноста во нивната работа но и во зачувување на нивното здравје.

Во овие тешки денови на пандемија, кога сеуште е силна опасноста од смртоносниот вирус во Македонија и светот, овој хуман и солидарен гест на нашиот сонародници-членови на Охридското Социјално друштво „Св. Наум Охридски“ од Мелбурн-Австралија, е вреден за почит и доаѓа во исклучително важни моменти кога, една од најважните препораки е уредбата со законска сила за носење лична заштитна опрема и е нагласена потребата на полициските службеници од заштитни маски и ракавици како начин за нивна поголема заштита од корона вирусот.



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top