Усвоена новата резолуција за Северна Кореја

Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) едногласно ја усвои резолуцијата за новите санкции кон Северна Кореја поради шесттиот нуклеарен тест кој го изврши оваа земја..

Сепак, СБ на ОН ја усвои пблагата верзија на првичниот американски предлог за резолуцијата. Усвоена е резолуција која не вклучува замрзување на имотот на северно корејската влада и лидерот Ким Џонг Ун, како што бараа САД.

Со најновата резолуција на Пјонгјанг му се забранува во наредните 12 години да увезува сурова нафта, но не и да ги увезува сите облици на природен гас, додека увозот на нафтените деривати на Северна Кореја и е ограничен на два сите останати држави им се забранува да им издаваат работни визи на работниците од Северна Кореја.

Ова е деветта резолуција која СБ ја усвои поради нуклеарната програма на Северна Кореја од 2006 година. Првичниот предлог Вашингтон го ублажи за да ја добие поддршката на кина и Русија.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top