Утре средба на Заев со Баздникин, амбасадорот на Русија

Премиерот Зоран Заев утре ќе се сретне со рускиот амбасадор во Македонија Сергеј Баздники..

Средбата Заев - Баздникин ќе се одржи утре, два дена по објавување на снимките на телефонските разговори на руските комичари Вован (Владимир Кузњецов) и Лексус (Алексеј Столјаров) со македонскиот премиер. Од руската амбасада велат дека оваа средба била договорена уште минатата недела.

Во разговорите со лажниот Порошенко, Заев слободно зборуваше за обидите на Русија да се меша во внатрешните работи на Македонија, дека на Балканот има многу руски агенти, дека Русија се меша и во преговорите на Македонија со Грција пред потпишувањето на Преспанскиот договор, дека српскиот претседател Александар Вучиќ е близок со рускиот претседател Владимир Путин, дека во случајот на Косово Русија се обидува да наметне нова меѓународна практика на промена на границите...

Освен ова, се очекува на утрешната средба да се разговара и за унапредување на билатералните односи меѓу Македонија и Русија.


Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top