Венгер го најави својот наследник на клупата на Арсенал

Арсен Венгер го заврши своето патешествие на клупата на Арсенал по цели 22 години..

Венгер и Арсенал утринава лансираа вест која одекна како „бомба“ во фудбалскиот свет, а се однесува на тоа дека францускиот стратег по завршувањето на сезоната ќе се повлече од клубот од „Емирати“.

Но, во пресрет на оваа вест, Арсен Венгер посочи кој би можел да биде неговиот наследник на клупата на „Топчиите“, со што индиректно го најави своето заминување, пред истото да биде официјализирано.

„Има потенцијал да ме наследи“, одговори Арсен Венгер на информацијата дека Патрик Виеира би можел да седне на клупата на Арсенал од ова лето.

Францускиот играч за врска под водство на искусниот стручњак освои три титули во Премиер лигата, а по играчката кариера и стажирањето на клупата на младинците на Манчестер Сити, веќе три сезони го предводи американскиот тим од МЛС лигата и „филијалата“ на „Граѓаните“, Њујорк Сити.

На прашањето дали го гледа Виеира како свој наследник на клупата на „Топчиите“, легендарниот француски стручњак одговори:

„Моментално е во Њујорк и е вработен во Манчестер Сити. Станува збор за човек кој има потенцијал да го направи тоа еден ден, сигурно“, изјави Венгер.

Меѓутоа, тоа не значи и дека Виеира автоматски ќе биде успешен на клупата на Арсенал.

„Ја следев неговата тренерска кариера. Мислам дека генерално добро ја работи својата работа, но ваквата Премиер лига е нешто сосема друго. Може да се случи да добие шанса, но постојат уште неколку поранешни фудбалери со ист потенцијал и интелигенција кои можат да ја работат оваа работа“, потсетуав Венгер.


Copyright 2017 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.




Scroll To Top