(ВИДЕО) Александар Волкановски ја одбрани титулата во „UFC“ против Макс Холовеј

Австралискиот „UFC“ борач, кој има потекло од Македонија, Александар Волкановски, го победи Холовеј по втор пат, задржувајќи ја титулата.

Александер „Велики“ Волкановски, во Абу Даби ја одбрани титулата светски првак во „Ultimate Fight“ во перолесна категорија и тоа против Макс Холовеј, човек од кој ја зеде титулата во декември, па ова беше реванш.

После бавен почеток, Волкановски успеа да го победи Холовеј во последните све рунди. Резултатите на судиите беа 48-47 48-47 47-48. 

Ова му е 19-та победа по ред на Волкановски, а неговиот рекорд во UFC сега е 22 победи и еден пораз.

„Беше тешка битка, и двајцата работевме многу напорно. Имам многу респект спрема Макс“, изјави шампионот Волкановски.

„Имавме десет рунди, и јас доминирав. Мислев дека ќе успеав да го нокаутирам, но тој беше силен“, додаде Волкановски.

Погледнете го видеото од битката:



Copyright 2019 Falanga Сите права се задржани.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Falanga.



Scroll To Top